Вести Македонија

Сефер Селими во Топ Тема: Сето ова што се случува е ментална масажа на пошироката јавност, се е веќе договорено

„Сето ова што се случува е ментална масажа на пошироката јавност. Сите овие работи беа договорени. Се што следува е ментална масажа и припрема за рокадите кои ќе се случуваат во Влада и следува процес на ментални игри изнаоѓање изговори празнини во законот до разрешување на министри и поставување на новите. Ќе изгубиме некоја недела и потоа мора да се вратиме на старите проблеми. Ќе имаме опозиција која беше дел од владата и ќе кажува колку е корумпирана владата и другиот дел од опозицијата, чиј лидер и поголем дел од тоа раководство не се одважија да го разрешат бегалецот во Унгарија, кој се уште има популарност кај голем дел од нивното гласачко тело. Ние овие проблеми ги влечиме со години и наместо да ги решаваме проблемите и организираниот криминал треба псилна и искрена политичка војна која во моентов не се гледа“, истакна во вечерашната Топ Тема на Телма Сефер Селими од Демократска лабораторија.

  • „Тезата чекај прво да ги затвориме овие големите државнички прашања, па потоа ќе се занимамаваме со корупција, тоа е апсурдна теза. Како тоа да ги затвориме сите прашања. Тоа е една таква бесмислема теза што ни се палсира, што не знам како мислам да ни се оправдаат во однос на лошите реформи. Во време кога се фалеа ние доживеавме во областа на корупцијата и правосудството најголеми регреси, најголеми враќања назад. Со именувањата со најновите скандали“, рече д-р Малинка Ристевска Јорданова поранешна директорка на Институт за Европска политика.

Таа објасни дека објавувањето на извештаите е предмет на политичка одлука има држави кои ги чекаа година – две и не се знае кога ќе бидат и тие се основа за одредниците, но мораме да имаме предвид дека процесот е сега пополитизиран. „Тие планови треба да бидат одобрени од Советот. И тогаш ќе видиме уште колку работи требало да се отворат, плус Акцискиот план за малцинства и за него треба да се согласат сите држави членски. Кога се создава клима еве утре само што не сме влегле, а нас и на самиот почеток ни се закануваат со вето, а преговарачката рамка не е ни објавена, а многу чекори ќе следат потоа“, смета Ристевска Јорданова.

  • „Кога ќе стигнат извештаите од Брисел власта ќе се соочи со барања коишто нема да може да се решат на краток рок и ќе биде проблем за владата да најде доволно политичка сила оние реформисти кои постојат во владата да ги истуркаат дел од работите кои ќе бидат дадени како барања. Добро знаеме што треба да се направи во општеството проблем е што нема сила во моментов којашто може да се справи двете спротивставени сили во партиите кои учествуваат во политичкиот живот. Едните се оние кои навистина сакаат нешто да променат, другите се оние кои носат гласови на клиентелистички начин,“ истакна Миша Поповиќ од Институт за демократија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе