Вести Македонија

Собранието ги констатираше оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу

Собранието констатираше дека министерот за правда Никола Тупанчевски и министерот за животна средина Насер Нуредини си поднеле оставки. Иако имаат такво деловничко право, не ги образложија пред пратениците. Ова повлекување од министерските функции е дел од меѓупартискиот договор во владеачката коалиција, по што на тие места треба да бидат избрани Кренар Лога од Алијанса и Каја Шукова од СДСМ. Попладнево, пратениците ќе дискутираат и по предлогот на премиерот Димитар Ковачевски за разрешување уште тројца министри кои доаѓаа од Алтернатива: Беким Сали, Адмирим Алити и Џемаил Чупи. Нив треба да ги заменат: Фатмир Меџити во Здравство и Азир Алиу во Информатичко општество.

Собранието констатираше оставки и на замениците министри: Владимир Рендевски од Здравство и Агим Нухиу од Правда. Премиерот предлага пратениците да ги разрешат и Башким Хасани од Одбрана, Абдулшуќур Абедини од Земјоделство и Љуљзим Алиу од Образование. Првиот е од ДУИ, но се фракционира со „огнените“, па тие се изјаснија дека нема да ја поддржат реконструкцијата на Владсата. Другите двајца од нив се од Алтернатива. Предлогот содржи петмина нови заменици: Тирон Јајага во Одбрана, Маја Манолева во Здравство, Агим Нухиу во Образование, Викторија Аврамовска-Мадиќ во Правда и Вјолца Бериша во Земјоделство.

Премиерот Ковачевски очекува оваа реконструкција да го зголеми мнозинството во Собранието и да води кон европска и економски стабилна Македонија. Алијанса носи поддршка од осум пратеници, но Алтернатива и нејзините тројца пратеници ја напуштаат Владата.

ВМРО ДПМНЕ утрово одржа координација во присуство на лидерот Христијан Мицкоски и порача дека од ваква Влада не очекува ниту реформи ниту напредок туку криминал, а Алијанса многу бргу ќе ја дочека судбината на Алтернатива.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе