Вести Македонија

Комитетот на министри на Советот на Европа со барање – кривичните дела тортура и малтретирање да не застаруваат

Кривичните дела тортура и малтретирање во службата да не застаруваат. Овие барања за симнување на застареноста произлегуваат од Комитетот на министри на Советот на Европа, кој врши надзор над извршување пресудите на европскиот суд за човекови права, но Македонија сè уште не направила вакви измени. Законските измени се заглавени во Собрание, како дел од измените на Кривичниот закон.

Како една од поголемите обврски што ни стои на патот, Џонова посочи дека е заживување на механизмот за надворешна контрола.

Надворешниот механизам за контрола врз лицата со полициски овластувања, формиран во 2018 година, но главен проблем е тоа што сè уште нема претставници на невладините организации. На денешната конференција, посветена на извршување на пресудите на судот во Стразбур, претставниците на Советот на Европа и на делегацијата на Европската Унија потенцираа дека има напредок, но и сè уште отворени прашања.

Целта на овој механизам е целосно расчистување на случаите со од прекршувње на човекови права од полициски или затворски службеници. За таа цел беше формирано и специјализирано одделение во обивнителството за организиран криминал задолежено да ги истражува и гони овие случаи. Во 2022 година, полицијата поднела 17 кривични пријави против 29 вработени во МВР за кривични дела, како злоупотреба на службена должност, за малтретирање, поткуп и лажно пријавување.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе