Вести Свет

(Видео) Детонација во англиски град – експлодира бомба од Втората светска војна

Бомба од Втората светска војна неочекувано експлодира во британскиот град Грејт Јармут (Great Yarmouth) и создаде густи облаци од чад. Експлозијата била толку силна што ја слушнале и жители на населени места кои се оддалечени 24 километри од градот.

Бомбата, долга околу еден метар и тешка 250 килограми, ја открило лице кое работело на изградба на премин преку реката Јара.

Полицијата потврди дека станува збор за „непланирана детонација“ и оти се случила „за време на бавна работа на разоружување на експлозив“.

Според информациите, нема повредени во инцидентот, но делот од градот и натаму е затворен поради проверки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе