Вести Свет

Русија ја нападна Украина со проектили и дронови, дел од ракетите прелетале и над Романија и Молдавија

Русија ја нападна Украина со проектили и дронови, што предизвика нови исклучувања на струјата во некои градови, додека истовремено ги засилува своите напади во Донбас, во очекување на голема офанзива.

Официјални лица кажаа дека во нападот на регионите Харкив и Запорожје биле испукани 35 ракети „С-300“, кои тешко се пресретнуваат. Експлозии се слушнале и во Киев.

Началникот на генералштабот на украинската војска, Валери Залужни, изјави дека две руски ракети лансирани од Црното Море влегле во воздушниот простор на Романија и Молдавија, пред да дојдат до Украина.

Советникот на Зеленски, Михајло Подољак, изјави дека Русија цела ноќ и цело утро ја гаѓа Украина и ја критикуваше политичката неодлучност околу испраќањето на нови оружја.

Последните напади уследија ден по посетата на Зеленски на Брисел, каде што упати барање до европските лидери да ѝ дадат борбени авиони на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе