Вести Македонија Топ вести

Машини, јажиња, храна, опрема, носилки – спасувачи од Македонија на пат за Турција

Машини, јажиња, храна, опрема, носилки – едно комбе не е доволно за да собере сѐ што е потребно, па затоа со повеќе возила и тимови на задача ќе се помага во погодените делови од Турција.

Последиците таму се огромни, жртвите се бројат во илјадници, а бројот на повредени е повеќекратно поголем. Урнатините сега сведочат за ужасот, но под нив сѐ уште има трошка надеж за спас на животи.

Во таа мисија, Дирекцијата за заштита и спасување од Скопје, АРМ, пожарникари од Струмица, Тетово, Гостивар и други градови веќе се на пат и заминати илјадници километри од овде.

„Комплетно сме опремени за спасување од височини или од јами, пробивање на ѕидови ако има потреба кај разурнатите објекти, но и пружање на прва помош, стабилизација на животи и предавање на амбулантно возило“ изјави Ивица Наумовски од Дирекцијата за заштита и спасување.

39 обучени волонтери со 11 возила од ДЗС се упатени кон Турција, а првата постојка им е градот Едрене од каде што ќе добијат насоки каде да се упатат согласно тоа каде има најголема потреба од нив.

И додека тие од Скопје заминаа на пат, пожарникари од другите градови со истата мисија – иако, помалку на број, ја натоварија опремата во возилата и ќе одат да спасуваат луѓе од под урнатините и да пружаат прва помош.

„Девет наши припадници од Територијалната противпожарна единица – Тетово одамна се обучени за земјотреси и други кризни состојби. Имаме специјализирана опрема за таа намена и ја носиме со себе, ќе одиме таму да помогнеме на луѓе и да им излеземе во пресрет за сѐ што им е потребно“ изјави Авни Амети, командир на ТППЕ – Тетово.

 

„Тим од осум професионални пожарникари и спасители од Територијалната противпожарна единица – Струмица кои се припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини, кој е во состав на републичките сили за заштита и спасување при Владата на РС Македонија, заминаа на спасувачка мисија во Република Турција“ изјави Александар Гудев, командир на ТППЕ – Струмица.

Ќе помага и Црвениот крст со пари донирани од луѓе и фирми на отворените жиро-сметки.

Се мобилизираат и општините и на вонредни седници носат одлуки за прераспределба на средства и донации за настраданите во Турција и Сирија, со намера да се ублажи ужасот кој го донесе разорниот земјотрес во овие подрачја.

Во меѓувреме, министерот за здравство Беким Сали упати јавен повик до медицинарите кои сакаат да помогнат во пружање на здравствена нега на повредените, да се пријават преку формулар.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе