Вести Македонија

Пендаровски: Тој тип може да вика колку сака во центарот на Скопје дека не сум Македонец, тоа се политички циркузанти

Јас не барам протерување или забрана за доаѓање во Македонија на лица кои велат дека ние сме Бугари. Мерка персона нон-грата никаде во светот не се презема за политичка изјава, барем не во демократски држави, а ние до крај претендираме да бидеме вистинска европска демократија, изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Според него, спиралата на настаните што во последниот период се случи, особено по чествувањето на Мара Бунева. Како пример ги посочи најавите од тие лица дека ќе биде голем собир за кој истиот ден во Скопје, во целата земја, стигнаа контранајави од типот „само дојдете, од другата страна ќе видиме 1.000 македонски народ кој ќе ве спречи во тоа“.

„Да ги повторам основите – ако потенцијално е загрозен јавниот поредок, националната безбедност на Македонија или нашата меѓународна позиција, но би ги апострофирал првите две посебно, во тој случај ние треба да реагираме по тие основи. Мене тој тип не ми пречи колку сака да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. На тој начин само се срамоти. Тоа се политички шарлатани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светка наука, но на прво место, чувствата на македонскиот народ ги демантираат“, вели претседателот Пендаровски.

Меѓутоа, продолжи тој, „ако велите, јас ќе дојдам со организиран превоз, ги повикувам сите Бугари во Македонија и надвор од Македнија да им покажеме кој сe, тоа е закана за јавниот поредок и закана за националната безбедност на Македонија“.

„Јас тука, како надлежен, морам да реагирам и да препорачам таков сет на мерки кон владата“, потенцира Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе