Вести Македонија

Ковачевски – Донев: Достоинствено чествување на роденденот на Делчев, санкционирање на секој што ќе ги наруши мирот и безбедноста

Прeмиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со техничкиот премиер на Република Бугарија, Галаб Донев, во чиј фокус биле актуелните теми во двете држави, соопшти владината прес-служба.Ковачевски во разговорот со техничкиот премиер Донев потенцираше дека Република Северна Македонија, согласно уставното уредување гарантира остварување на правата на секој граѓанин кој живее во државата.

Во контекст на случувањата и претстојното чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, беше потенцирано дека активностите на поединци, без разлика дали се граѓани на Република Бугарија или на Република Северна Македонија кои ќе бидат во насока на оневозможување на мирно и безбедно чествување на празникот, ќе бидат соодветно санкционирани, како што се очекува да постапи и бугарската страна, стои во соопштението.

Во однос на претстојното чествување на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, а со цел одбележувањето да помине во мирна и пријателска атмосфера, задолжено е Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност во координација со соодветните служби во Република Бугарија да ги обезбедат сите услови за достоинствено чествување на овој голем ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе