Вести Македонија

Алијанса за Албанците на највисоко ниво ќе преговара за учество во Владата

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, заедно со двата секретари и тројцата потпретседатели, како тим, кој денес беше овластен од партиското Претседателство, ќе ги започнат разговорите со партиите во власта, за нивниот евентуален влез во владејачкото мнозинство.

Таравари вели дека веќе имаат стратегија, која треба да ја допрецизираат деновиве, така што за нив поважно е да им бидат исполнети програмските барање, а за кадровските би разговарале понатаму. Според него одлуката ќе биде соопштена многу брзо.

Ако ни ги исполнат нашите барања, посебно програмските, не толку кадровските, тогаш ќе го слушнеме и гласот на членот на АА и ќе донесеме одлука дефинитивна. Јас се надевам не во долг период. Многу кратко ќе се одлучи ова или сме или продолжуваме опозиција, ние сме навикнати за опозиција, не ни е проблем тоа, изјави Таравари.

Таравари потенцираше дека во донесувањето на одлуката освен тесното раководство, ќе влијае и резултатот од внатрепартискиот референдум, кој ќе го организираат.

Во меѓувреме ќе организираме и внатрепартиски референдум и за нас како раководство на партијата многу важно тоа што ќе го каже членот на Алијанса за Албанците, 11 500 членови. Ние мораме да го слушаме гласот на членството, како што го слушаме и гласот на обичниот граѓанин или неопределениот граѓанин, рече Таравари.

Лидерот на Алијанса за Албанците одговори дека гаранција за 80 пратеници за уставните измени нема никој, но треба да се даде шанса.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе