Вести Македонија

Кривична за шеесетгодишник, полово и физички нападнал жена во својот дом

Жена во Скопје жртва на полов напад извршен од страна на шеесетгодишен познаник. Откако претходно ја повикал на кафе се обидел да изврши полови дејствија но исфрустриран бидејќи бил одбиен почнал физички да ја напаѓа при што и нанел поголем број повреди и фрактура на носот.

Откако насилникот завршил со тепањето ја затворил жртвата во својот дом и ја држел во заложништво еден ден.

Против насилникот Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривични дела – Тешка телесна повреда и Противправно лишување од слобода од Кривичниот законик, а надлежен јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе