Вести Македонија Најважни

ЕУ воздржано ги охрабрува Бугарија и Македонија да продолжат да градат добрососедски односи

Важно е да се задржат ладни глави и двете влади да продолжат да градат добрососедски односи, велат извори од Европската унија, кои одблиску ја следат зголемената напнатост во македонско-бугарските односи.

Да се задржат добрососедските односи е сечиј интерес.

Нашата позиција е да ги охрабриме двете страни да не бидат поткопани добрите меѓусоседски односи. Тука сме да поддржиме одржливи меѓусоседски односи“, велат извори од ЕУ.

ЕУ се воздржува да коментира изјави на политичари, и во Македонија и во Бугарија.

Велат не сакаме да коментираме ничии изјави, но сакаме да видиме намалување на тензииите и подобри меѓусоседски односи.

Единствениот став стигна од амбасадорот на Унијата во Скопје, Дејвид Гир и тоа околу изјавата на европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски, кој индиректно му се закани со атентат на претседателот Стево Пендаровски

„Вчерашните забелешки околу претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, тоа апсолутно не ја претставува позицијата на ЕУ. Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а уште помалку за демократски избран шеф на суверена држава“ – изјави Дејвид Гир, шефот на делегацијата на ЕУ.

Наши извори од Унијата не коментираат дали има руско влијание во чекорите на бугарската влада во дипломатскте односи кон Македонија и повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје.

Останува загриженоста за руското влијание во Бугарија околу војната во Украина, но тоа за нив е одвоено прашање.

Се надеваат дека ќе продолжат сите билатерални проекти, иако Бугарија најави дека ќе ги прекине. Тоа е одлука на бугарската влада, но во интерес на сите е овие проекти да продолжат, категорични се европски извори.

Она што го нагласуваат е дека добрососедските односи остануваат суштински дел од процесот на евроинтеграции за секоја земја-кандидат.

Тоа е дел и од процесот на стабилизација и останува важен дел од процесот на проширување. Инсистираат на спроведување во добра волја и од двете страни, и на Договорот со Бугарија и на договорот од Преспа.

Она што е јасно е дека Унијата не сака да увезува билатерални спорови.

Не сакаме во процесот на проширување да бидат вклучени и прашања за идентитетот или јазикот, е ставот на нашите извори. Но, за разлика од ова, прашањата за почитувањето на правата на малцинствата е друго.

Тоа е легитимно прашање за сите земји на ЕУ, оценуваат  во Унијата.

Додаваат дека Македонија треба да се насочи кон уставните измени и да  продолжи со евро-интеграцииите. Фокусирани сме на јавната дебата околу Бугарија, но она што влијае на вашиот живот се реформите. Пораката е одете напред во реформите, искористете го времето за реформи.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе