Вести Македонија

Безбедносни ризици и меѓуетнички тензии, резултат на руските хибридни закани и лажни вести

Македонија нема да може да избега од безбедносните ризици што ги носат дезинформациите и хибридните напади, подготвени од големите машинерии и центри на моќ. На ова предупредуваат невладините и акцентот го ставаат на Кремљ и Руската федерација во целина, со наративот кој доаѓа оттаму. Русија се обидува да „има збор“ во процесите на Балканот, а ниту Македонија не ја одбегнува бранот на влијание.

„Едноставно ние сме демократска земја, мултиетничко општество, сите тие влијанија коишто доаѓаат од Русија може да имаат безбедносни последици, влијаат врз влошување на меѓуетничките односи. А, да не зборувам за руските наративи коишто го таргетираат целиот Балкан“, изјави Росана Алексоска, менаџер на програмата „Борба против лажни вести и наративи“, „МОСТ“

Фразата „мета на хибридни закани“ за земјава е кажана безброј пати особено откако во Македонија започнаа лажните дојави за бомби, кои се случуваа и во други земји од регионот. Надлежните констатираат, но прашање е како делуваат за да ги спречат туѓите влијанија на наша територија. Дилемите на граѓанскиот сектор сѐ уште се широко отворени.

„Голем дел од званичниците на нашата земја даваат изјави, почнувајќи од претседателот на државата, министерот за надворешни, премиерот, министерот за внатрешни работи – дека сме под закана од хибридни напади коишто доаѓаат од надвор и главно од Руската федерација, но кои што се засилуваат од структури внатре. Реагираат и граѓанските организации за тоа што се случува во однос на овие хибридни напади. Но, гледаме и дека недостасува поголема транспарентност на државните институции во однос на тоа што прават конкретно на тоа поле“, рече Петрит Сарачини, Институт за медиуми и аналитика „ИМА“. 

Деновиве, поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Бојко Ноев, го спомена Кремљ како главен центар каде се креираат проблеми заради разни интереси. Резултат на такво нешто се и влошените билатерални односи помеѓу Македонија и Бугарија на чијашто релација како никогаш да не престанале провокациите и навредите.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе