Вести Македонија

Колони на зимски туристи на Попова Шапка, лесно до врвот до првиот снег, но тешко назад до Тетово

Долгоочекуваниот снег падна, но оние кои заминаа во ски центарот Попова Шапка вчера се соочија со невидена гужва. Над десет илјади возила создадоа колони и за пристигнување и за заминување од скијачкиот центар.

Луѓето во возилата чекаа по два часа да излезат од долгата колона, а до Скопје се патуваше 4 часа. Од тетовската полиција велат дека се било поради недостатокот на паркинг места, а проблем направија и многу возила оставени на несоодветни места, нестрпливоста на возачите и недисциплинираното однесување на не мал број возачи, поради што се создаваа мешаници и бавен проток на возилата во едната и другата насока.

Изминатава недела повеќе денови имаше врнежи од снег, па имаше доволна снежна покривка  од над 50 сантиметри за да се обработаат патеките и да може да се скија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе