Вести Македонија

Бугарскиот амбасадор во Македонија повикан на консултации во Софија

Бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) го повика амбасадорот во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов на консултации во Софија. Причината за неговото привремено враќање е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и ескалацијата на делата и злосторствата од омраза против нив во последните месеци.

Според бугарското МНР, целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за натамошен развој на билатералните односи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе