Вести Македонија Топ вести

Пред МКЦ протестен музички собир, а внатре полунасилна ревизија без почитување на законските процедури

Музички хепениг пред МКЦ, во знак на протест кон Град Скопје за смената на в.д. директорот Богоев зашто не потпиша решение за вработување на музичарот Бени Шакири, поради назначувањето за в.д. директор на некомпетентно лице со  диплома за детектив и поради кратењето на буџетот од Градот кон оваа градска установа за 92% во однос на минатите години. Но, тоа не е сè. Од Програмскиот совет на МКЦ велат дека новиот в.д. директор Никола Алексов кога дошол во петокот на работа, не ги повикал да се запознаат, а со него пристигнале лица за вршење ревизаја кои законски не ја испочитувале процедурата. Тоа од Советот го толкуваат како притисок на започната постапка за утврдување на законитоста при поставувањето директор.

Воопшто не доставија писмено известување за ревизорски извештај. За тоа си има процедури  и тие се почитувани изминативе години. Така што би рекол, на еден полунасилнички начин дојдоа кај него во канцеларија, поминаа време. Ни беше најавено дека ќе не повикаат да се соочиме, да се сретнеме и да видиме што тие во суштина бараат од МКЦ. Но, тоа не се случи и во еден момент само си заминаа, вели Филип Николовски – координатор на Програмски совет на МКЦ.

А, 15 групи и соло изведувачи кои настапија пред МКЦ, сами се организираа за да изразат револт кон промените во МКЦ, од кои се плашат заради нивните кариери.

Голем е стравот бидејќи како алтернативна сцена и субкултурно ниво кога функционираме, ги немаме тие платформи  што им се достапни  на оние помеинстрим артисти. А, МКЦ е единственото место што ни ја пружа таа подршка, смета соло изведувачот Никола Трпески.

 

Ова е голема неправда што се случува толку да се скрати буџетот. Тоа е срамота. И исто така мешање политика во култура, воопшто не е место, вели Дина Јашари, пејач и текстописец.

30 години веќе по институциите гледаме дека се ставаат луѓе кои што единствено се само дел од некакви партиски ветувања и едноставно последното место на младите тука, последното прибежиште на младите, каде што бегаат од секојдневните проблеми, гледаат дека ќе им биде земено, изјави Марко Крстевски- група „ You“.

Подршка за МКЦ дадоа и негови соработници и чести посетители на програмските содржини.

Дојдов да ги подржам младите бидејќи тоа што го прочитав на социјалните мрежи од нив напишано беше еден крик да ги оставиме, или политичарите да ги остават младите и нивното единствено место каде што се изразуваат, вели Небојша Вилиќ, професор на ФДУ.

Ова е само еден сегмент во кој драстично се кршат сите принципи на живот во еден град, во една урбана средина. А, МКЦ тоа го покажа низ изминатите 50 години и иронијата што ја доби „ 13 Ноемвриската награда“ , е тоа што присилно се менуваат директори и т.н. Мислам дека тој однос кон културата е на ниво на цела држава, смета Влатко Галевски – филмски критичар.

 

Овде , една успешна приказна која се влече низ годините некој сака да ја наруши. Не знам зошто. Затоа што е успешна или затоа што  отиде подалеку  од Куманово, отиде во регионот, во Европа , па и во светот, вели новинарот Љупчо Јолевски.

Во рамките на собирот се потпишуваше петиција во знак на подршка на МКЦ и се оставаа донации за изнајмената опрема на која настапија музичарите. А, за директорската смена во оваа градска установа се заинтересира и Антикорупциска, од каде најавија дека ќе отворат предмет, ако утврдат незаконско работење.Иако побаравме, од Град Скопје останаа недостапни за коментар за започната ревизија без соодветна документација.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе