Вести Свет Топ вести

За првпат после седум децении опадна наталитетот во Кина

Бројот на Кинези минатата година падна за првпат од 1961 година, што е историска пресвртница која го означува почетокот на, најверојатно, долгиот период на опаѓање на кинеското население што би можело да ја направи Индија да стане најнаселена земја во светот во 2023 година.

На крајот на 2022 година, Кина имала 1,41175 милијарди жители во споредба со 1,41260 милијарди една година порано, соопшти Државниот завод за статистика.

Стапката на наталитет беше 6,77 новороденчиња на 1.000 луѓе, што е намалување од 7,52 во 2021 година. Ова е најниската стапка на наталитет досега. Кина, исто така, имаше највисока стапка на смртност од 1976 година – 7,37 смртни случаи на 1.000 луѓе, од 7,18 во 2021 година.

На долг рок, експертите на ОН предвидуваат дека бројот на Кинезите ќе се намали за 109 милиони до 2050 година, што е тројно повеќе од прогнозата во 2019 година.

Демографскиот пад во голема мера е резултат на кинеската политика на едно дете од 1980 до 2015 година, како и на огромниот трошок за образование, поради што многу Кинези имаат само едно или ниту едно дете. Домашните демографи веруваат дека Кина ќе старее пред да се збогати, што ќе доведе до забавување на економијата поради падот на приходите и зголемување на јавниот долг поради зголемените трошоци за грижа за постарите граѓани.

Строгите мерки против Ковид-19 кои важеа три години, а потоа и наглото опуштање што ги наполни болниците дополнително придонесоа за демографскиот пад, велат експертите.

Иако локалните власти воведоа мерки во 2021 година за да ги охрабрат луѓето да имаат повеќе деца, вклучувајќи даночни олеснувања, подолго породилно отсуство и субвенции за домување, овие мерки не се очекува да го променат трендот на долг рок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе