Вести Македонија Топ вести

ЕСМ со изборот на бугарската фирма „Балкан Јутилитис“ ќе плати еден милион евра повеќе за гас со вклучен ДДВ

Генералниот директор на Државните електрани, Васко Ковачевски, претпоставува дека берзанската цена на природниот гас денеска е пониска од онаа што ЕСМ ја плаќа кон „Балкан Јутилитис“. Но, ваквата состојба ја оправдува со тоа што бугарската компанија, на повикот за набавка на гас за јануари, дала најнискa понуда.

„Не знам денес точно колку е цената на берзата, но претпоставувам дека е пониска од цената по која што го имаме набавено гасот. Но , во моментот на носење на одлука за избор на најдобар понудувач за природен гас за месец јануари имавме две понуди. Едната беше на бугарската компанија „Јутилитис“ која понуди 115,97 евра за мегават час, фиксна цена. Втората беше од „Макпетрол“ со 116,20 евра за мегават час, цена која не е фиксна“, рече Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.

Сепак, пресметките покажуваат дека ЕСМ ќе плати над 1 милион евра повеќе на бугарската „Јутилитис“, затоа што ја избраа нивната понуда со фиксна, а ја одбија онаа на „Макпетрол“ со променлива цена, во зависност од движењето на берзите. Вели дека и да поскапи берзанската цена на гасот, „Јутилитис“, која инаку работи со загуби, има доставено банкарска гаранција дека ќе ги испорача потребните количини.

„Ние имаме добиено банкарска гаранција и за количините и за набавката на гас. Доколку економски  оператор не испорачува природен гас согласно догворот, тогаш ќе ја активираме банкарската гаранција која што го покрива договорот за месец јануари“, вели Ковачевски.

При посетата на РЕК Битола, заедно со премиерот Кoвачевски и министерот за економија Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ соопшти дека по вклучувањето на мрежа на третиот блок, сите капацитети во државата произведуваат електрична енергија, но постои загриженост за хирдопотенцијалот поради лошата хирдролошка сосотојба годинава.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе