Вести Македонија Топ вести

Со пушка убивал улични кучиња низ Струга

Десетици маалски кучиња денеска во Струга се убиени со огнено оружје – објави организацијата за заштита на правата на животните Анима Мунди, заедно со видео-снимка на која се гледаат трупови на убиени кучиња натоварени на камион.

„Манијак, личност што не може да се нарече човек, охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава, одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга“ – пишува Анима Мунди на својот профил на Фејсбук.

Организацијата јавно апелира до Министерство за внатрешни работи и до Агенцијата за храна и ветеринарство итно да го преземат тоа што е во нивна надлежност за сторителот кривично да одговара за ова злодело.

„Никој нема за право да одзиеме нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето!“ – пишува Анима Мунди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе