Вести Македонија

Потенцијален проблем за Бајден – пронајдени класифицирани документи во приватна канцеларија што ја користел во Вашингтон

Додека Џо Бајден е на Самит во Мексико сити, во САД се соочува со потенцијален скандал. Станува збор за класифицирани владини документи кои ги пронашле неговите адвокати при расчистување на приватна канцеларија во Вашингтон која актуелниот американски претседател ја користел додека беше на функцијата потпретседател.

„Документите беа пронајдени на 2 ноември 2022 година во „заклучен плакар“ во канцеларијата“, рече Заубер.

Адвокатите веднаш ја известиле канцеларијата на советникот на Белата куќа која, пак, ја известила Националната управа за архиви и евиденција. Јавниот обвинител Мерик Гарланд побарал од американскиот обвинител за северниот округ Илиноис, Џон Лауш да го истражи случајот. Лауш, пак, е еден од ретките американски адвокати кои се задржани од администрацијата на поранешниот претседател, Доналд Трамп.

Засега не е јасно на што се однесуваат документите или зошто биле однесени во приватната канцеларија на Бајден. Откривањето на материјалите доаѓа во период на истрага против поранешниот претседател Доналд Трамп за потенцијално лошо ракување со доверливи записи во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. Федералните истражители открија најмалку 325 доверливи документи од Трамп како дел од нивната истрага

Откритието дека Бајден потенцијално погрешно управувал со доверливи или претседателски досиеја, пак, може да се покаже како политичка главоболка за претседателот, кој одлуката на Трамп да чува стотици такви записи во неговиот приватен клуб во Флорида ја нарече „неодговорна“.

Случајот доаѓа по републиканското преземање на контролата врз Претставничкиот дом и ветувањата дека ќе започнат широки истраги за администрацијата на Бајден.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе