Македонија

Автобусот од чиј кров протече дожд однесен на поправка

Автобусот со број 15 кој утрово беше снимен  од патник како протекува на катот од дождот што паѓаше , е повлечен во гаража, со цел да се санира настанатиот проблем кај луфтерот, велат од ЈСП за Телма.

  • Напоменуваме дека станува збор за неочекуван проблем, настанат во текот на возењето. Имено, сите возила пред пуштање во сообраќај се подложни на рутински преглед. Меѓудругото и на т.н. водени тестови кои имаат за цел проверка и на евентуални протекувања, велат од ЈСП.

Од претпријатието објаснуваат дека сите возила кои се вклучуваат во сообраќај се целосно функционални и безбедни по сите основи, а при секој непредвиден проблем или дефект, како во случајов, возилото се повлекува од сообраќај и е предмет на сервисирање. А, на негово место се вклучува заменско возило, додаваат од ЈСП.

За проблемот со протекувањето на автобусот со број 15, кој сообраќал на релацијата Ново Лисиче – Ѓорче Петров извести „ Слободен печат“, од каде споделија и видео за случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе