Вести Македонија Топ вести

Европа бара реформи и обединување на политичарите

За влез во Европската унија се неопходни реформи во интерес на граѓаните! Ваква е првата порака на евроамбасадорот Дејвид Гир во оваа година, придружена со апел за обединување на политичарите. Истовремено, двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно најавуваат „битка за пратенички гласови“: едните во корист на уставните измени, другите за распуштање на Собранието и предвремени избори.

Амбасадорот Гир посочи дека оваа година земјата треба да се фокусира на реформи.

Главната порака се реформи. Тие опфаќаат повеќе прашања што ги засегаат граѓаните: од владеење на правото, преку борба против корупцијата, `се до подигање на животниот стандард и економијата. Овој процес ќе го раководи Владата, но треба да ги обедини сите од политичкиот спектар и од целото општество заедно да работат на целта – мирна, демократска и просперитетна земја во ЕУ, рече гир.

Министерот Бујар Османи побара до ноември да завршат уставните измени, за да не прекинат почнатите преговори со ЕУ. Смета дека е време за јавни дебати и соочување аргументи, низ кои ќе се разграничи што е државен а што партиско-политички интерес.

Ако нѐ фати ноември без завршени уставни измени, ќе прекинат преговорите, ќе го изгубиме моментот, а тоа е една од најлошите работи што може да ви се случат на Европскиот пат, и се плашам дека ќе влеземе во некакво црногорско сценарио. Потоа тешко е да се врати со сите импликации во и надвор врз имиџот на државата, тврди османи.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира ова да биде изборна година. Секојдневно тврди дека расте расположението за предвремени избори, дури и меѓу пратениците од власта. Ги обвинуваат првите луѓе на СДСМ, Ковачевски и Зечевиќ, дека се уплашени од избори и дека ја држат земјата во заложништво, за да може фирми на нивни кумови и членови на семејството да „се шират“.

СДСМ возврати дека Мицкоски само „седи на страна, исплашен за својата фотелја во Белиот дворец и лелека за избори“. Го обвинуваат дека нема став за ниту едно важно државно или стратешко прашање, ниту пак политичка понуда за граѓаните. Власта уверува дека изборите ќе бидат редовни во 2024-та и дека до тогаш ќе продолжи реформскиот курс на оваа Влада.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе