Вести Македонија Топ вести

Десет патници повредени во судир на возило на МЖ Инфраструктура и комбе

(на картата со црвен триаголник е обележано местото на несреќата)

Повредени се 10 патници во сообраќајна несреќа што се случила денеска напладне откако возило моторна дрезина на ЈП МЖ Инфраструктура  удрило во патничко комбе со 12 лица на патниот премин Порцеланка во Велес.

Денеска  во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу железничко возило и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од 52 годишниот  Д.Ј. од Чашка. Во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, информира Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Од ЈП МЖ Инфраструктура за МИА велат дека нивното возило удрило во задниот дел на комбето.

Возило сопственост на Инфраструктура се враќало од извршување работни задачи од станица во Богомила кон станица Велес, при што на патен премин Порцелaнка пред Велес удрило во задниот дел на патничко комбе, во кое се превезувале работници. Нашето возило кочело колку што му дозволувале техничките услови, неговиот запирен пат е околу 500 метри, дало сигнални знаци за опасност, но патничкото возило не застанало и поминало директно и било удрено на задниот дел, изјави Никола марков, помошник  директор за сообраќај во МЖ Инфраструктура.

Увид на местото на несреќата вршат екипи на Комисијата за вонредни настани на ЈП МЖ Инфраструктура  и на Министерството за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе