Вести Македонија

Амбасадорската функција на Виктор Димовски ќе се разгледува во понеделник

Во понеделник, на 9-ти јануари, веднаш по Божикните празници, треба да се разгледа новиот листинг на можни амбасадори. Меѓу нив е и Виктор Димовски, кој е предложен за амбасадор во Франција.

Министерот Бујар Османи најави средба на оваа тема со претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски, но не прецизира дали ќе се бара ново решение за Париз, или ќе продолжи постапката за Димовски, кој веќе доби агреман од земјата домаќин.

Неизвесноста настана по аферата Онишченко, за чие македонско државјанство дала дозвола и АНБ во времето кога директор беше Димовски.

Ќе се разговара и за предлогот на министерот Османи за пополнување на амбасадорските места во 14 други држави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе