Вести Македонија

Поради магла намалена видливост на патиштата во голем дел од земјата

Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патишта во државава, информираат од ЈП „Македонија пат“ од каде посочуваат дека сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Ресен, Охрид – Струга, Македонски Брод – Кичево и на планинскиот превој Плетвар, од 50 до 100 метри на патниот правец Штип – Струмица и Штип – Неготино, Тетово – Скопје и од 100 до 150 метри на патните правци Велес – Катланово, Катланово – Велес и Светин Николе – Куманово, стои во соопштението.

Од АМСМ дополнуваат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони и апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе