Вести Македонија

Згрижувачите на деца без родители – меѓу најголемите херои на 2022-ра година  

Во Македонија живее и работи рекордер. Не од оние кои го подобриле финансиското конто или забележале спортски успех.

За таков успех, Сакиб Неврие ниту има можност ниту сака. Нејзините успеси се мерат низ 22-те животни приказни.

Здравјето на Неврие попушта, но не и челичната волја и љубовта кон мајчинството.

Се гордее и ужива во улогата мајка, доделна од државата, но нејзин избор последните шеснаесет години.

Најкратко згрижено дете и било само 4 месеци, а најдолгосе грижела  пет  и пол години.

Грижата за децата не е така едноставна процедура, но е многу лесно ако го работиш тоа со љубов раскажува низ насмевка Неврие.

Таа и сопругот годините пред пензија ги поминуваат со дечињата кои им будат голем број емоции и ги враќаат во младите години.

Но, уште поголема среќа е кога се радуваат децата.

Волшебната елка на желбите е една од активностите која секоја година станува препознатливо обележје за црвениот крст на град Скопје, но и за граѓаните, кои можат да одберат еден од лампионите и да исполнат желба на некое дете.

Освен желбите остануваат и реалните проблеми. Годината која ја одбележа економско-енергетска криза го подјаде семејниот буџет и на овие семејства.

На потег е министерството за труд и социјална политика и владата кои треба согласно растот на инфалцијата да го ревидираат месечниот надоместок. Последен пат оваа горка тема владата ја отвори во 2020-тата кога го покачи надоместокот за 30 отсто.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе