Вести Македонија

Забрзан премин за носителите на Мкарта при нивното доаѓање во земјава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, официјално ја претстави можноста носителите на МКарта да можат да користат „fast-track“ на аеродромите во Скопје и Охрид, при влегување во државата.

Проектот МКарта беше претставен во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и промоција на Северна Македонија во странство.

Претставувајќи ја погодноста, Османи нагласи дека проектот МКарта претставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во новата средина во која живеат, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Северна Македонија

– Забрзаниот премин на нашите аеродроми, што се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, претставува симболично препознавање на нивниот труд и квалитет и благодарност на нашите институции и држава, рече Османи.

Додаде дека меѓу носителите има научници, лекари, бизнисмени, културни работници итн., за кои државата има желба и интерес да бидат дел од севкупниот развој и општествени процеси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе