Вести Македонија

Со зголемениот број тироидни заболувања во Штип се справува само еден ендокринолог

Стивна пандемијата, но последиците од ковид 19 излегоа на виделина. Лекарите апелираат на редовни контроли, а изминатиот период се бележи пораст на тироидните заболувања, кои тешко се самодијагностицираат.

Многу почести се субклиничките форми, кога пациентите немаат никакви симптоми, нуту знаци на болест, а сепак лабораториски се детектираат благи нарушувања на тироидната функција.

Истражувањата покажуваат дека секоја петта жена во животот има нарушување на тироидната жлезда, но се зголемува и бројот на мажи, како и на помладата популација.

Во штипската Клиничка болница има само еден лекар специјалист ендокринолог, кој секој ден има прегледи на дваесеттина пациенти.

Лекарите предупредуваат дека  симптомите кои укажуваат на нарушување на хормоните на тироидата се замор, ненадејно губење или зголемување на телесната тежина, бавен или брз пулс, чувствителност на топлина или студ, анксиозност и депресија, како и паѓање на косата.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе