Вести Македонија

ЕСМ ќе набавува гас за топланите од бугарската фирма „Balkan Utilities“

ЕСМ продажба соопшти дека потпишале договор за набавка на природен гас за топланите и за другите потрошувачи во државата, пред се поголемите производствени и услужни капацитети.

Договорот е потпишан со фирмата „Balkan Utilities“ од Бугарија, за испорака на природен гас за јануари по цена од 115,97 евра за мегават час.

ЕСМ соопшти дека истата фирма дала понуда за снабдување и до први мај 2023-та година, со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец.

Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20 eвра за мега ват час, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари.

Третиот понудувач A.P.M.P. Handels ges не даде комплетна понуда, соопштија од ЕСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе