Вести Македонија

Жителите на Луковица молат за асфалтиран пат, за градоначалникот на Желино тоа не е приоритет

Жителите на тетовска Луковица во надеж дека само уште оваа зима ќе се движат по земјениот пат до селото.

Откако за Општина Желино оваа делница од 5, 5 км не беше приоритет за да ги искористат добиените средства од Светска банка, жителите ја продолжија борбата преку пратениците од Тетово, по што со пренамена на средства од Министерството за транспорт и врски ќе бидат распределени 15 милиони денари. Но овие пари ќе стигнат само за околу половина од патот.

15 милиона денара се пуштени од Влада, моментално за 3 км да, но како што е разговарано ќе се најдат и други средства да се доврши патот до село Луковица. Со правењето на патот Крстец – село Луковица ќе се заврши она долготрајно барање на иселениците и селото од 20-30 години. Се чека на пролет да се почне на пролет со тие средства што ги пушта Владата, вели Ацо Спасеноски, претседател на Црковен одбор во Луковица.

Луковица е сместена на падините на Сува Гора, над езерото Козјак, во преубава природа погодна за рурален туризам. Дополнително и економскиот развој на селото зависи од асфалтирањето на патот. Има три помали фарми, а на повидок е и четвртата, но на сите земјениот пат им прави потешкотии. Патот е полн со нерамини и дупки, а во зима често е и непрооден.

-Заради патот се иселуваа, имаше и фарми, сега ми се чини дека ќе има просперитет. Има повеќе заинтересирани што можат да дојдат да инвестрираат во селото, вели Славе Момировски.

-Таму има и три јавни објекти, црквите Св. Петка, Св. Илија и Св. Ѓорѓија. Многу народ идат, јас вчера дојдов од Луковица, зашто забранет е ловот на Шар Планина, таму има од цела општина Тетово и општина Желино многу луѓе ловџии, вели Ацо Спасеноски.

Селото е постојано живеалиште за 45 жители, додека за викендите и во лето и иселените се враќаат во своето родно место. Се зголемува и бројот на нови куќи што се градат.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе