Вести Македонија

Различни буџети во општините од брегалничкиот регион

Скроени се буџетите на општините и во 21 век ќе се асфалтираат патишта, кои се макадам, но и водоводи и канализациони мрежи во оние населени места или села, каде што граѓаните немаат чиста вода за пиење или одвод. Помалите општини, кои според пописот имаат и официјално  помал број на население, оваа година ќе имаат и поскромни буџети. Свети Николе за наредната година ќе има намален буџет за десет, а во Виница за околу шест милиони денари.

Зголемени буџети сепак ќе имаат поголемите општините, Штип и Кочани во Брегалничкиот регион. Пропадна обидот за општинската обврзница, но капиталните проекти, какошто се санација на старата водоводна мрежа, доизградба на булеварот Партизанска, обиколницата, конзолите на река Отиња и катните гаражи ќе се градат во фази. Според штипскиот градоначалник во годината што изминува ред се ставило во собирањето на данокот на имот и останатите даноци.

Нацрт буџетите се готови, последните десет дена од декември се гласаат на седниците на Советите. Општините и јавните претпријатија имаа тешка година со енергетската криза.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе