Вести Македонија

Од дуќан до урнатина во зграда, жителите без доволно греење

Извадени прозорци, прегради и оставени голи кабли, буквално урнатина на првиот кат од зграда 143 на Партизански одреди. Со влага и студ се соочени жителите на оваа зграда. На мезанинот до неодамна имало фирма, која не ги подмирувала долговите и морала да го напушти просторот, но одејќи си земала се што имала.

Жителите на зградата се жалат дека таму поминуваат водоводните цевки и цевките од парно, кои сега се изложени на атмосферски влијанија. Тие стравуваат дека ако дојде до ниски температури ќе испукаат цевките и цела зграда ќе остане без вода и парно.

Се губи топлина и дел од погорните катови остануваат буквално без парно. Сите станари се жалат дека им е многу ладно. Плаќаме парно, а немаме доволно греење.-вели претседателката на куќен совет на зградата.

Веднаш под урнатината се наоѓа друг деловен објект кој е полн со влага , сега низ оголените цевки внатре им тече вода, на ѕидовите има мувла, а уништен е и мебелот. Претрпеле голема штета при уривањето кога биле напукнати и нивните прозорци.

Надлежните велат дека овој деловен простор бил издаден на фирма која неколку години не ги плаќала сметките и кога ги известиле дека просторот ќе им биде одземен кираџиите го уништиле објектот. Од АД За стопанисување со стамбен и деловен простор по два месеци дојдоа да ја видат состојбата. Велат веќе ги известиле и МВР и Инспекторатот.

Гледаме дека низ овој простор поминуваат многу цевки на жителите и за да не настане некој проблем ќе ја извршиме нашата обврска, ќе го затвориме просторот.-вели помошник директор на сектор за стопанисување на станбени и деловни простори.

Станарите на оваа зграда се во неизвесност, бидејќи не знаат кога ќе започне преградувањето, а до тогаш ветрот кој дува меѓу овие ѕидови ќе ги лади нивните станови.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе