Вести Македонија

На пелистерското село Нижеполе му се заканува еколошка катастрофа

Еколошка катастрофа му се заканува  на потпелистерското село Нижеполе и неговата околина, доколку не се промени урбанистичкиот план, кој е пред усвојување, предупредува универзитетскиот професор Јове Димитрија Талевски,  жител на ова село и експерт за граници.

Планот наместо да нуди решенија, создава проблеми, а еден од најсериозните е фекалната канализација која е предвидено да се изгради за дваесетина метри повисоко од дел од куќите, кои сега имаат септички јами, па поради оваа висинска разлика ниту во иднина не ќе можат да се приклучат на системот, вели Талевски.

Проблемот е огромен, затоа што веќе изградените се со септички јами. Новите што ќе се градат повторно ќе мора да градат септички јами затоа што не ќе можат под тие услови да се приклучат на фекалната канализација. После 4 до 5 години ова ќе биде фекална депонија. Наместо овој дел од Пелистер да биде бисер, да се развива селски туризам, таму има и ски стаза, ќе биде депонија од фекалии, вели  Талевски.

Жителите реагираат и на тоа што некои парцели се опфатени со планот, а други соседни не се, па се прашуваат кои се критеримите и условите за опфатот, како е кроен ДУП-от и дали има привилегирани поединци.

Едната парцела влегува во планот, другата не е опфатена, можам да речам дека такво заобиколување на парцелите изгледа како шаховска табла, црно-бело, црно-бело. Зошто е така никој не знае, во овој случај излегува дека има привилегирани парцели, и парцели кои ќе останат такви какви што се, вели Талевски.

Жителите упатуваат не само на овие туку и на низа други нелогичности, кои ги посочиле и на јавната анкета во 2019. Со писма и дописи реагираат и сега, но, велат, ниту една нивна забелешка не е усвоена.

Од општина Битола одговорија дека урбанистичкиот опфат е оформен согласно законот, а планот е изработен од лиценцирана фирма. Согласност пред десетина дена даде и Министерството за транспорт и врски. Планот за потпелистерско Нижеполе е на дневен ред за следната седница на 27 декември, кога конечна одлука ќе донесат и советниците во општинскиот Совет.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе