Вести Македонија

Николоски од ВМРО-ДПМНЕ: Одговорноста за 25-те милиони евра кои државата треба да ги плати на „Хеленик Петролеум“, власта треба да бара кај коалицискиот партнер Георгиевски

Одговорност за тоа што државата треба да плати над 25 милиони евра на „Хеленик Петролеум“ за отштета, владата треба да бара во својот коалициски партнер Љупчо Георгиевски а не за тоа да ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ, изјави во интервју за Канал 5 телевизија, потпретседателот на најголемата опозициска партија, Александар Николоски.

„Мислам дека таму треба да се насочат прашањата зошто потпишувал такви договори. Она што исто така е спорно е што јавноста долги години е убедувана дека со Грција има идеални односи откако СДСМ е на власт. Но, не гледам дека тие идеални односи се користат за „Хеленик петролеум“ да се откажат од овие барања и треба да знае јавноста дека тоа е доминанта државна фирма, не се работи за приватна фирма, туку напротив „Хеленик петролеум“ оди на суд и ја тужи државата“ изјави Николоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избирачките места утрово отворени, гласањето почна во 7 часот

Дејан Дејан

ЈСП денеска сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Граѓаните можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе