Вести Македонија Топ вести

Денеска нов обид за избор на виш јавен обвинител

Советот на јавни обвинители, со еден кандидат денеска ќе прави нов обид за избор за прв човек на скопското Вишо обвинителство. На седницата советот ќе може да гласа само за досегашниот обвинител Мустафа Хајрулахи, бидејќи од трката се откажаа Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.

Ова ќе биде трет обид да се избере лице кое ќе раководи со оваа функција. Првично закажаниот избор не се реализираше зашто членовите на советот побараа дополнително време да ги разгледаат биографиите на тројцата кандидати, но, меѓувреме, Фетаи без образложение ја повлече својата кандидатура. Од трката се откажа и Рустеми, откако при вториот обид за избор, советот остана без кворум.

Хајрулахи кој сега нема конкуренција, од Советот на Јавни обвинители добил забелешки за работата на обвинителство во кое сака да добие уште еден мандат. На седницата кога се разгледувал извештајот, се забележува дека Вишото скопско обвинителство нема податоци за причинета материјална штета од кривични дела, не реализирало ниту една конфискација, а обвинителството имало и голем број заостанати истраги.

На отчетот пред Советот на јавни обвинители, според записникот, Хајрулахи немал објаснување за забелешките, само ветил подобрување на состојбата.

Покрај Вишото обвинителство во Скопје, денеска раководители ќе треба да добијат и обвинителствата во Гостивар, Битола, Велес, Куманово. Се предлага и распишување нов оглас за обвинители кои ќе гонат организиран криминал и корупција, откако на претходниот избор ниту еден од кандидатите не доби поддршка од Советот на јавни обвинители.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе