Вести Македонија

Битиќи: Арбитражната пресуда со спорот ЕЛ.Пет Балканики и Македонија е во полза на нашата држава со која ЕЛ.ПЕТ нема право да бара пенали за периодот додека ОКТА не работела

Од кабинетот на вице премиер за економски прашања Фатмир Битиќи соопштуваа дека е донесена  арбитражна пресуда во спорот меѓу ЕЛ.ПЕТ Балканики и Република Северна Македонија, кој произлегува од Договорот за продажба на акции на Рафинеријата ОКТА од 1999 година.

„ЕЛ.ПЕТ побаруваше главен долг од 31,590.000,00 УСД по основ на непотрошен мазут на ОКТА од гарантираната годишна количина од 500.000 тони за годините 2008, 2009, 2010 и 2011 година. Исто така, побаруваше 5% годишна затезна камата сметано од 22.12.2015 година, што во апсолутен износ изнесува околу 11.056.000,00 УСД до 22.12.2022 година, како и адвокатски трошоци и трошоци на арбитражната постапка во износ од 1.439.920,00 ЕВРА“, се вели во соопштенето.

Оттаму велат дека вкупното побарување на ЕЛ.ПЕТ Балканики по основ на главен долг и камата изнесува 42.646.000,00 УСД.

„Арбитражниот суд досуди 21.478.797,00 УСД за главниот долг од побаруваните 31.590.000,00 УСД, како и затезна камата по ЕУРИБОР стапката која е негативна во претходниот период, наместо побаруваните 11.056.000,00 УСД. Со тоа вкупно досудениот износ по основ на главното побарување до денес е околу 21.478.797,00 УСД, што претставува околу 51% од побаруваниот износ со тужбата (42.646.000,00 УСД)“, објаснуваат од кабинетот на Битиќи.

Па оттука на ЕЛ.ПЕТ му се досудени и 787.334 ЕВРА за адвокатски и арбитражни трошоци од побаруваните 1.439.920,00 ЕВРА.

„Со Пресудата е утврдено дека вкупната количина на потрошен мазут на ОКТА во период 2008-2011 година изнесува 1.204.489 тони, така што на ЕЛ.ПЕТ му следат пенали од 27 УСД по тон за 795.511 тони мазут“, стои во соопштението.

Со Пресудата е утврдено дека ЕЛПЕТ нема право да бара пенали за периодот додека ОКТА не работела од 2012 до 2019 година, односно дека ова се последните пенали кои државата ги плаќа по основ на Договорот од 1999 година. Застапник на Република Северна Македонија беше адвокатската куќа Дехерт од Париз. Спорот траеше од 5 декември 2018 година.

Адвокатскиот тим на Дехерт од Париз ангажиран од Владата на Република Северна Македонија во претстојниот период ќе ја анализира Арбитражната пресуда, по што ќе биде донесена одлука за следните правни чекори кои ќе бидат преземени.

Ќе заштедиме пола иако ќе платиме 21,4 милиони евра- владата знаела неколку дена за судскиот пораз од Хеленик Петролеум во случајот ОКТА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе