Вести Македонија

Во време на дигитализација, поради лош систем 150 семејства не добија социјална помош

Во сред инфлација и енергетска криза  најсиромашните граѓани оставени без социјална помош. Аплицирале уште во октомври, но поради грешка во системот на катастар не ги добиле средствата. Не можел да се извади документот кој е потребен за да се види дали лицето има имот и со тоа да се утврди дали му следува социјална помош.До кабинетот на Народниот правобранител пристигнале околу 150 претставки од граѓани со жалби.

Народниот правобранител одлучи да се обрати до агенцијата за катастар и министерот за труд и социјална политика и од нив бара овој проблем да се реши.-вели сузана салиу-заменик на народниот правобранител.

 

Народниот правобранител како институција која ги штити законските правата на граѓаните побарал од министерката за труд и социјална политика да го реши овој проблем што побрзо. Министерката за Телма изјави дека се работело на проблемот уште веднаш по разговорот со народниот правобранителот и веќе проблемот е решен.

системот е ставен во функција, започнуваме со работа и во најскоро време сите кои ги исполнуваат условите ќе ги добијат парите.-вели министерката за труд тренчевска.

 

Министерката Тренчевска апелираше граѓаните да останат смирени бидејќи сите кои аплицирале и ги исполнуваат условите ќе ги добијат парите од моментот кога аплицирале.

На нашите прашања упатени до Катастар како настанал тој системски проблем тие не сакаа да дадат конкретен одговор.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе