Вести Македонија

Арсовска се пожали на закани од Мицкоски

Кулминира медиумската војна меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Таа се пожали на закани од Христијан Мицкоски, партијата бара проверка на нејзината деловна способност, а СДСМ препознава насилничка матрица.

По синоќешните обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ ја обвини за лаги, измислици и  неурамнотежено однесување.

Градоначалничката не одговори на телефонските прашања дали ги пријавила заканите во МВР. Вчера во телевизиско интервју рече дека е доволно што за тоа повеќе пати јавно говорела.

СДСМ потенцира дека Владата мора да ги решава и градските проблеми бидејќи скопјани се заложници на караниците меѓу Мицкоски и Арсовска.

Арсовска беше избрана за градоначалничка со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, но соработката не издржа ниту една година. Пред три месеци, таа ги обвини директорите од оваа партија за „ставање на рачињата во медот“, а тие од неа побараа оставка заради неспособност и лукративност.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе