Вести Македонија

Тетовските комуналци денеска не собираат отпад, четири месеци немаат земено плата

Работниците од Регионалната единица на Комунална хигиена при тетовското Комунално претпријатие денес нема да го собираат отпадот во градот. Протестираат зашто платата им доцни и до четири месеци. Револтирани затоа што со години немаат редовни примања, немаат ни здравствено осигурување, а и условите во кои работат се нехумани – стари бараки кои прокиснуваат, кал до колена.

Пред околу два месеца работник при несреќа на работното место изгубил два прста на раката, па кога одел по болници морал да плаќа приватно.

„Нема осигурување. Кога бев таму се приватно. Половина работници се болни, кога ќе отидат на лекар немаат здрвствено осигурување, не можат да земат апчиња, не можат да одат на лекар. По два-три-четири месеци, може да замислите што, нарочито во оваа криза, сега сите цени се покачени. Дадоа ветување, ќе даваат и пак ништо“, посочуваат работници во ЈКП Тетово.

На вонредна седница на Советот беше усвоена одлука за доделување финансиска помош на ЈКП Тетово за плати на лицата со договор на дело. Градоначалникот вели дека не се исплатени поради административна грешка.

„Во разговор со Трезорот бараме начин како сите заостанати плати согласно одлуката на Советот да им се исплатат. Само за договорите на дело, а вработените со редовен однос продолжува да ги исплаќа ЈКП“, вели Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

ЈКП Тетово има долг од над 10 милиони евра и тоа претставува проблем за работењето, поради што е најавена поделба на неколку дирекции.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе