Вести Македонија Топ вести

Мухамед Зеќири рече дека не се чувствува виновен, за сведоци предложени Бочварски, Битиќи и Макрадули

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири не се чувствува виновен за злоупотреба на службената положба за што го гони Обвинителството за организан криминал, вака се произнесе на првото рочиште од судскиот предмет во кој одговара дека склучил два консултански договори без почитување на Законот за јавн набавки и го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.

Обвинителката Катерина Коларевиќ рече дека Зеќири како генерален секретар на Владата свесно не спровел соодветна постапка за јавни набавки и дека обвнитлеството ќе докаже дека тој иако со заклучок од Влада бил задолжен да спроведе постапка за ангажман на консултантски фирми за реструктуирање на Пошта и соодветен модел на приватизација на Железници, Владата не го ослободила од почитубвање на законите, ниту му дала одврзани раце да склучи договор во четири очи.

  • „Законот за јавни набавки е донесен за да постои конкутренција и еднаков третман меѓу економските оператори како и низ траспарентна постапка да се трошат државните пари“, рече Коларевиќ и најави дека има докази, материјални докази, сведоци и вештачења со кои што ќе го докаже обвинението.

Адвокатот на Зеќири, Владимир Андреевски, одговори дека од обвинителката слушнал полуполитички говор за принципи и цели, а не чул и не видел конкретно која законска одредба ја прекршил Зеќири.

Одбраната, рече тој, ќе докаже дека не само што не го прекршил законот, тој не направил ни штета, туку дека напротив целта била да се склучат договори за изнаоѓање модели за загубарите кои со години трупале долгови, а никој не сносел одговорност за тоа. Одбраната очекува ослободителона пресуда и предлага листа на сведоци меѓу кои се министерот Благој Бочварски, вице премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и поранешниот директор на Пошта, Јани Макрадули.

Елена Ивановска Мукоска

Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе