Вести Македонија

Советот на ЕУ ги усвои заклучоците за проширувањето и за Северна Македонија

Во пресрет на декемврискиот Самит на ЕУ, министерскиот Совет за општи работи ги усвои заклучоците за проширувањето на Унијата, во кои се поздравуваат одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија во јули годинава како признание на нејзиниот прогрес на реформскиот пат, како и чекорите што Европската комисија ги презема во процесот на скринингот со земјава.

Како што јави допсиничката на МИА од Брисел, во заклучоците се потсетува дека е потребна „сеопфатна ревизија“ на изборното законодавство, се признава одреден напредок во делот на темелите т.е. владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, но се бараат и дополнителни напори на тој план. Овие реформи треба да бидат одржливи и се бара посветеност и од власта и од опозицијата на конструктивен начин.

ЕУ истакнува дека Северна Македонија треба да обезбеди транспарентност во водењето политика и инклузивност во процесот на консултација за преговорите со ЕУ.

Што се однесува до судството, се оценува дека одреден напредок е постигнат во имплементацијата на судската реформска стратегија, но одржливи напори се потребни за обезбедување на независност, непристрасност и професионалност на судството. Уште еднаш се бара и да се следат препораките на Државната комисија за спречување на корупција, чија работа се поздравува.

Јавната администрација, според ЕУ, останува слаба точка каде транспарентноста, заслугата и еднаквата застапеност се суштински.

Се поздравува и ветувањето Северна Македонија да се усогласи со визната политика на ЕУ и да соработува во управувањето со миграциските текови, меѓу другото и преку работата со Фронтекс.

Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински и ЕУ очекува опипливи резултати во имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија, се додава во заклучоците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе