Вести Македонија Топ вести

Петар Ристески во Топ Тема: Тим на санкции влегува само во Авганистан и во Македонија

Гостите во вечерашната Топ Тема, Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка од СДСМ и Петар Ристески, пратеник од ВМРО–ДПМНЕ ја коментираа посетата на американскиот тим за санкции, кој веќе ја заврши посетата на земјава.

„Имајќи во предвид дека САД се наш стратешки партнер и сите овие години наназад во континуитет се одвојуваа сретства од даночните обврзници во Америка за јакнење пред се на судството овде секако дека може да го гледаме од два аспекта не би рекла дека е пораз туку дека е помош и јасен сингнал дека не може да се толерира корупцијата да зазема широки размери и да се нема јасен одговор во борбата против корупцијата. Како корупцискиот скандал во ЕП, дали кај нас нема доволно капацитети, тоа е предмет на поширока анализа, но факт е дека бавно се движат работите и немаме вистинска разрешница. Вакавата поддршка помош од вистинските пријатели не секогаш треба да биде во пари, таа е поефикасна ако е изразена во вистинска критика“, рече Калеска-Ванчева.

„Каде одат овие тимови, кои држави ги посетуваат и зошто. Ваков тим на санкции влегува само во Авганистан и во Македонија. Навистина е поразително што нашата држава ја посетуваат вакви експерти. Американскиот тимот за борба против трговија со дрога дојдоа во Колумбија и во Македонија. Во Колумбија за случајот со Пабло Ескобар, во Македонија за случајот со командирот на полицијата во Прилеп. Ние како политичка партија во континуитете зборуваме за криминал и корупција веќе пет години: од РЕК Битола, набавка на вакцини издавање на 215 пасоши на „белосветски“ криминалци… Не најдовме дебата заеднички за влезиме во борба против корупцијата. Дојдовме до ситуација да ни доаѓа од надвор „камшикар“ за борба против криминалот и корупцијата. Тие не доаѓаат да се справуваат со шалтерски рабтници, тие тимови корупцијата ќе ја бараат во највисоките ешалони на власта“, истакна Петар Ристески, пратеник од ВМРО–ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе