Вести Македонија

Обвинителството не одговара на прашањата на Телма за тимот од САД, но одговара на други медиуми за истата тема

Телма уште на 7-ми декември упати прашање за актуелната тима посетата на тимот за санкции на САД. Тимот за санкции дојде за агресивен увид во корупциски предмети поврзани со високо позиционирани поранешни и сегашни чинители. Во објавата на амбасадорката Агелер за доаѓање на тимот стоеше и дека „Правосудниот сектор на Северна Македонија има потреба од повеќе истраги и гонења, за да се покаже дека никој не е над законот“.

Главната институција за гонење на корупција е обвинителството, па на 7-ми декември Телма до нив упати прашање за тимот за санкции.

-Почитувани,  Може ли да ни одговорите

Дали претставници на тимот на санкции од САД веќе исконтактираа и го посетија обвинителството и ОЈОГОКК, што презеле и за каков вид и какви предмети за корупција се интересирале?

До денеска и веста за заминување на тимот, од обвинителството не ни одговорија, а уште тогаш преку телефон од прес службата ни рекоа дека не веруваат дека за такви активности треба да се запознава јавноста преку новинарски прашања.

Денеска пак од истото обвинителство одговорија на други медиуми дека тимот за санкции не остварил посета на обвинителството ниту пак се интересирал за случајот Империја и за Сашо Мијалков.

Инаку Сашо Мијалков и Никола Груевски се единствените двајца македонски државјани кои се на црната листа на американското министерство за финансии поради корупција и загрозување на човековите права.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе