Вести Македонија Топ вести

Извлечен маж од Вардар кој скокнал во реката кај Камен мост

Маж утринава околу 8 и 30 часот скокнал во Вардар од скалите под Камен мост, соопшти ЦУК. Инцидентот го пријавиле случајни минувачи по што екипи на МВР и противпожарните единици за спасување жив го извлекле од водите.

Кога спасувачките екипи стигнале до реката, давеникот се задржал на базата на една од трите врби во Вардар. Спасувачите успеаја да направат врска со брегот откако еден од нив со јаже на грбот успеа да стигне до мажот во водата. Со спасувачки зафат, жртвата беше обезбедена и заедно беа извлечени на брегот на Вардар.

Лицето со итна медицинска помош е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за да му биде укажана лекарска помош. Здравствената состојба на спасениот е сериозна бидејќи поминал повеќе од половина час во студената вода на Вардар на надворешна температура од само +1 степен.

Викендов од мостот Близнаци маж скокна во Вардар и по него беше организирана спасувачка акција која траеше два дена. Беа ангажирани и нуркачи.

Вчера беше пронајдено тело за кое спасувачите сметаат дека е на лицето кое го бараат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе