Вести Македонија Топ вести

(видео)Калеска-Ванчева во Топ Тема: Не може да произведуваме обвинители и судии кои што не можат да склопат една простопроширена реченица

Пратеничката од СДСМ Снежана Калеска-Ванчева во вечерашната Топ Тема рече дека власта по дефиниција е најодговорна но, според неа корупцијата не настанала во овие пет години, ниту е во пораст како што сака тоа да го прикаже ВМРО – ДПМНЕ.

  • „За жал корупцијата е најголемото зло кое го подрива општество и кај нас е просутна од најниско до највисоко ниво. Страшно е што во менталниот склоп на граѓаните е навлезена. Но не се согласувам дека власта е генератор на корупцијата оваа власта го подигна степенот на корупција бидејќи бевме заробена држава. Донесен е закон за спречување на корупцијата за да може да делува Комисијата. Почнаа да ни се полнат судовите со луѓе кои завршиле факултети на некои од многубројните правни факултети низ Македонија“, рече Снежана Калеска-Ванчева.

Таа прашува дали треба да имаме судии кои не знаат што со себе половина од работниот ден, вели дека не е задоволна од работата на обвинителството и тука има и објективни и субјективни причини.

Обрајќајќи му се на колегата пратеник од ВМРО – ДПМНЕ таа му пораќа: „треба да се срамите зошто не го поддржувате закон за академија на судии и јавни обвинители, а зборувате за вашата посветеност на владеење на правото“.

„Не може да произведуваме обвинители и судии кои што не можат да склопат една простопроширена реченица. Не може да се одговара на прашања само со „да“ или „не“. Законот точно правен е со меѓународна помош но мора да се донесе“, рече Калеска-Ванчева.

Петар Ристески, пратеник од ВМРО–ДПМНЕ потсети дека и порнешката амбасадорка на САД Кејт Мери Брнз критикуваше дека

САД вложиле многу во правосудството, а анкетата на јавното мислење покажала дека само 8% од граѓаните имаат доверба во правосудниот систем во Македонија и нормално е, вели тој, да бидат испратени специјални тимови.

  • „Владата не само што не се справува туку во континуитет продуцира криминал и корупција. Амбасадорката реагираше на изборот на Ислам Абази, на државјанство доделено на Олександар Онишченко, кое го негираа и Спасовски и Ковачевски. Истото што ни се случуваше и од изјавите на ВМРО – ДПМНЕ дека има корупција за кога се најави тимот од САД да ретерираат. Треба да се почне од главата“, рече Петар Ристески.

Тој истакна дека ако премиерот вели дека секој може да инвестира, ако е така зошто неговата сопруга се заортачила со сопругата на директорот на Катастар?

  • „Обвинителството е немо, Лубомир Јовески за тоа што молчи треба да биде награден за уставен судија“, констатираше Ристески во вечерашната Топ Тема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе