Вести Македонија

Голем број случаи на насилство врз жени, а мал број на пријави

Физичките пресметки се најчест вид на насилство меѓу мажите и жените за кое се бара помош од институциите. Годишно се пријавуваат околу 500 случаи на СОС линијата во нашата држава. Но, насилството ескалира и еден од случаите, кој не бил пријавен ниту во полиција, завршил со убиство.

„Во Гостивар беше пријавен случај во полициска станица од роднините, а сабајлето додека дојде полицијата, таа веќе беше убиена“, вели претседателката на националниот Совет на родова рамноправност, Савка Тодоровска.

Од Националниот совет со апел, пред сè, до жените-жртви, да го пријават својот проблем на отвораната СОС линијата. Целта на меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“ е навреме да се зборува за проблемите.

„Со јавување на СОС линијата која е бесплатна 24/7, може да го искажат проблемот и потоа да биде решен“, додаде Тодоровска.

Надлежните институции поттикнати од невладините веќе два месеца работат на промена на кривичниот законик со што насилство врз жените и семејно насилство би било квалификувано како кривично дело.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе