Вести Македонија

Веќе не е ниту табу тема – бројни дисциплински постапки за корумпирани инспектори чекаат во фиока

Корупција распространета во сите сектори, метастазирана во сите служби. Не е ниту табу тема туку отворено се зборува за ова. Инспектори под влијание има во сите инспекциски служби, признаваат од Инспекцискиот совет со надеж дека дигиталните алатки ќе помогнат барем малку да се сузбие проблемот. Во изминатите месеци се отворени бројни постапки против инспектори, а одговорност нема заради административности.

„Сега не би лиферувала бројки, но има дисциплински постапки, не е дека нема. Советот на крајот на годината прави анализа и годишен извештај. Сега во овој момент само ќе кажам дека има повеќе постапки. Согласно законот за административни службеници, рокот за покренување на дисциплинска постапка е три месеци и најчесто тие застаруваат“, вели Даниела Рендевска, претседателка на Инспекциски совет.

Власта најави дека ќе се намали корупцијата, а претседателката на Советот вели – целосно ќе се искорени. Во алатката „Е-инспектор“ тие ги полагаат надежите. Сега истиот е на самиот почеток, а со целосна динамика ќе профункционира дури во 2024 година.

„Преку овој систем, кога инспекторот ќе отиде и ќе го изврши надзорот електронски и кога записникот и решенијата ќе ги даде во реално време, тој ќе нема можност да оди во канцеларија и да го менува записникот согласно некои интервенции и јавувања. Со ова, во реално време и инспекцискиот совет и директорот на инспекторатот ќе знаат каде е тој инспектор, каде врши надзор и што прави, преку тој систем Е-инспектор“, додава Рендевска. 

Засега три инспекциски служби се вмрежени во системот, а тоа се Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат. Следни на ред се 13 инспекциски служби. До крајот на 2023 година, над 80% од инспекторите коишто работат во инспекциските служби координирани од Инспекцискиот совет ќе бидат приклучени на „Е-инспектор“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе