Вести Македонија

Шоле ја одложи посетата на Скопје поради позитивен Ковид тест

Советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, потврди дека ја одложува посетата на Балканот, а во тие рамки и на Северна Македонија, за по Нова Година, поради позитивен резултат на Ковид тест.
Жалам што морам да го одложам моето патување на Балканот и во Брисел поради позитивен тест за Ковид. Ќе останам ангажиран по сите прашања во однос на регионот на Балканот, и со нетрпение очекувам патувањето да го направам на почетокот од наредната година, објави попладнево високиот американски дипломат на неговиот официјален твитер налог.

Шоле требаше в среда, како што првично беше најавено од Стејт депратментот, да ја посети Северна Македонија. Од Американската амбасада во Скопје, порано денеска, за МИА потврдија, дека посетата е одложена за по Нова Година, но без детали за причините за одлагањето.

Заедно со Шоле во Скопје се очекуваше да допатува и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој од вчера е во Косово.

Според првичната најава од Стејт департментот, Шоле во Скопје требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.

Освен земјава, во програмата на Шоле од 11 до 17 декември, беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија.

– Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, информираа од Стејт департментот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе