Вести Македонија

Наумовски во Топ Тема: За кандидатскиот статус на Косово ќе биде донесена политичка одлука

„Автономијата на српските општини ќе биде нешто слично како она што Косово што го имаше во рамките на српската држава, значи тоа не е нешто што е непознато во историјата на Косово“, вели поранешниот амбасадор на Македонија во САД, кој гостува во вечерашната Топ Тема н Телма.

„Во пресрет на новата рунда преговори мислам дека одредени аспекти ќе се чинат малку поприфатливи и преговарачките страни ќе омекнат доколку им се стави до знаење дека со прифаќањето на одредени одредби од бриселскиот договор или пак со прифаќањето на некој нивни предлог и за двете страни ќе има нешто позитивно на нивниот пат кон ЕУ“, истакна Наумовски.

„Во секој случај ќе биде донесена политичка одлука. Има критериуми и за стекнување на кандидатскиот статус и за членка на ЕУ меѓутоа тие критериуми можат да бидат различно толкувани во зависност од тоа која држава е на дневен ред“, рече Наумовски.

Тој рече дека е можно да се бараат и други форми на интеграција по примерот на европската политичка заедница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе