Вести Македонија Топ вести

МОН чека Агенцијата за квалитет во високото образование да го извести за одземените акредитации од Факултетот за бизнис економија

Иако Факултетот за бизнис економија не работи од октомври, МОН уште чека потврда за одземени акредитации од Агенцијата за квалитет во високото образование зашто факултетот остана без професори, вели министерот Шакири. И за обештетување на студентите се чека од Агенцијата да извести дека факултетот нема акредитирани студентски програми. Но, експертите велат дека министерот за образование манипулира.

Министерството за образование и наука уште чека одговор од Агенцијата за квалитет во високото образование, во врска со одземањето на акредитациите од приватниот Факултет за бизнис економија. Тој не профункционира од октомври зашто професорите добија отказни решенија од в.д. директорката Кировска, на барање на основачот Џенк Јилмаз . Тој се правдаше дека работеле незаконски и не му дозволувале да се вклучи во образовниот процес.

  • Доставено е барање до Агенцијата за квалитет на високото образование за да се провери наставниот кадар што е во истата институција. Кога ќе бидеме известени дека заради причините на недостаток на професори се одземени акредитациите, МОН веднаш ќе постапи- Јетон Шакири- министер за образование и наука.

Одземањето на акредитациите на факултетот ќе отвори пат 400 студенти да бидат преместени на други сродни универзитети, а не да се снаоѓаат сами како сега. Тие не се обештетени за уплатите од по 400 евра за незапочнатиот зимски семестар. Министерот Шаќири и за овој проблем вели дека Агенцијата за квалитет во високото образование е известена за банкарската гаранција на факултетот и дека чекаат потврда од неа дека факултетот нема акредитирани студиски програми. Но, според пензионираниот просветен инспектор , Ѓорѓи Илиевски, министерот за образование манипулира.

  • Тие имаат записници. Агенцијата за квалитет во високото образование требало веднаш да постапи. Задно со Одборот за акредитација да се види дека нема услови за работа на Факултетот за бизнис економија и заедно со Одборот за евалуација да го затвори факултетот- Ѓорѓи Илиевски- виш просветен инспектор во пензија.

Според Илиевски, сега Факултетот за бизнис економија противзаконски распишал конкурс за нови професори и Рецензентска комисија зашто нема Наставнички совет.

Во врска со случајот, иако ги побаравме, од Агенцијата за квалитет во високото образование останаа недостапни.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД со јасен став за ограничената употреба на динарот во Косово

Дејан Дејан

Регистрирани 150 земјотреси во близина на Неапол во јужна Италија

Дејан Дејан

Телма дознава: Приведен е Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе