Вести Македонија

Граѓаните сè уште чекаат на најавените пониски цени во маркетите

Граѓаните сè уште чекаат на намалување на цените во маркетите кое во неколку наврати го најава Владата. Компаниите од прехрамбената индустрија, барем голем дел од нив, сега користат суббвенционирана струја од 80 евра за мегават час, дизел горивото поефтини за повеќе од 25 отсто но цените на рафтовите во продавниците се речиси исти.

Пазарните инспектори се на терен и проверуваат како се формираат цените кои ги плаќаат граѓаните.

Од министерството за економија велат дека намалување има кај дел од производителите но зсе чека да се потрошат залихите произведени по старите цени на енергенси.

„Кај дел од производителите на прехранбени производи веќе е регистрирано намалување на цените, кај млечните производи, зејтинот, лебот, месните производи. Треба да се има во предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно и тие се по стари цени. Во наредниот период очекуваме дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производители од пекарската, од млечната и од месната индустрија, кое што намалување очекуваме да биде до 10 отсто“, информираат од Министерството за економија.

Според официјалните информации под капата на ЕСМ Продажба во моментов се 187 компании од прехранбената индустрија имаат склучено договор за субвенционирана струја а останатите имаат рок за пријава до 20 декември за да користат субвенционира струја од 1 јануари.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе